ЗА УЧИЛИШТЕТО
Име: Општинско основно училиште „ГЕРАС ЦУНЕВ“
Адреса, општина, место: с. Просениково бр. 80, општина Струмица
Телефон/ Факс: 034 364-123
Адреса, општина, место: с. Просениково бр. 80, општина Струмица
Телефон/ Факс: 034 364-123
|
Поврзување
|
ЛИЧНА КАРТА НА УЧИЛИШТЕТО
Општинското основно училиште „Герас Цунев”- Просениково, Струмица е ситуирано помеѓу населените места Просениково и Пиперево, на оддалеченост од 4,5 километри североисточно од Струмица, поврзани со локален пат за магистралниот пат Струмица- Валандово и Струмица- Штип. На исток се граничи со општина Босилово, на северозапад со општина Василево и на југ со Струмица.
Училиштето е основано во 1953 година, а првиот акт е решение бр. 01- 15117/1 од Собрание на општина Струмица. Во состав на училиштето работеа шест подрачни училишта со над илјада ученици. Со децентрализацијата две училишта припаднаа на општина Босилово, а четири на општина Василево. Наставата во училиштето се изведува на македонски јазик и е организирана во две смени и тоа прва смена со почеток од 7:30 часот, втора смена со почеток од 13:30 часот. Настава посетуваат ученици од I до IX одделение на возраст од 6 до 16 години по концептот за деветгодишно образование согласно Законот за основно образование „Сл. весник на РСМ“ бр. 164, од 5 август 2019 година. Учениците се распоредени во 22 паралелки од кои 12 во предметна настава и 10 во одделенска настава. |
Мисија на училиштето
ООУ„ Герас Цунев“ – Просениково претставува безбедна, грижлива, добро уредена средина, каде кадарот е посветен на упатства кои се флексибилни, насочени кон децата и релевантни за светот. На учениците од сите заедници им е дадена моќ да станат успешни граѓани преку единство со и во целина меѓу наставниците, родителите и заедницата.
Нашето училиште е отворен систем кое нуди образовно-воспитни услуги кои што овозможуваат еднакви можности за учење и напредување на сите ученици, поттикнување на социјалниот, сознајниот, емоционалниот развој на ученикот и оптимален развој на децата со пречки во развојот.
Визија на училиштето
Ќе создадеме средина во која секоја индивидуа, без оглед на етничката, верската и културната припадност, ќе ги покаже своите знаења и умеења, средина која ќе овозможи задоволување на сите интелектуални, духовни, морални, социјални, физички и емотивни потреби на поединецот, и на крај средина во која секој ќе биде среќен и задоволен од тоа што го добил!
Тежнееме нашите ученици да бидат наши соработници, да се стекнат со трајни знаења по сите наставни предмети, умеења и навики за здрав начин на живеење, да ја заштитуваат животната среднина, со еден збор да бидат подготвени за активен и конститутивен живот.
Мото на училиштето
Работиме, создаваме, учиме… ги следиме современите трендови и секогаш сме во чекор со времето!
